Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби во три сета од Холандија, а по натпреварот, на јавниот национален сервис се сподели информација дека двајца репрезентативци се во изолација.
На мечот против „лалињата“ македонскиот ростер беше пократок за Васе Михаилов и Стојан Илиев.
Двајцата се во изолација и се чекаат корона-тестовите, па по нив ќе биде појасно каква ќе биде нивната судбина на ова ЕП.
Нашата репрезентација на стартот доживеа два порази, а покрај од Холандија загуби и од Финска. Следниот дуел е в недела од 13:00 часот против репрезентацијата на Турција.