недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Златен и бронзен медал за Дејан Милошевски на Државниот шампионат на САД (ФОТО)

Златен и бронзен медал за Дејан Милошевски на Државниот шампионат на САД (ФОТО)

Дејан Милошевски – Чобачо го освои златниот медал на Државниот шампионат на САД за 2021 година во кати во категоријата (18-34 години) – шотокан стил и бронза во отвоената категорија за истата возраст, но во сите стилови.

Во првите три кола Милошевски извојува победи со 5-0, а исто така и во финалето славеше 5-0.

Во отврената категорија или, по старо, апсолутна, Дејан во првото коло е слободен, во второто забележува победа 5-0, во полуфиналето е поразен со 2-3, а во репасажот славеше со 5-0.

Милошевски за прв пат го претставуваше својот клуб „Милошевски маршал артс” кој почна со работа на почеток на оваа година.

Да потсетиме дека Милошевски во 2019 година освои бронзен медал на Државнтото првенство на САД.