понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Елиминирана првата носителка на УС Опен

Елиминирана првата носителка на УС Опен

Првата тенисерка во светот, Ешли Барти е елиминрирана и не успеа да се пласира во осминафиналето на УС Опен.

Една од главните фаворити за трофејот во Њујорк беше поразена во третото коло од Американката Шелби Роџерс во три сета 6-2, 1-6, 7-6.

Барти лошо го започна мечот и на тој начин ѝ даде надеж на противничката дека може да направи нешто повеќе. Американката го искористи таков подарок и го доби првиот сет со убедливи 6-2.

Сепак, одличната Барти брзо се созеде и со моќни 6-1 ја врати неизвесноста на мечот. Во одлучувачкиот сет првата тенисерка на ВТА листата прва се одлепи и со два брејка поведе со 5-2, но за чудо не успеа да ја сочува предноста и го загуби мечот во тај-брејкот.