понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 703 казни за брзо возење

МВР: 703 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 703 возачи.

Од нив, 84 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 349 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 354 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести