Феликс Оже-Алијасим е вториот патник во полуфиналето, откако по еден час и девет минути игра дојде до победата против тениската сензација Карлос Алкараз.
Сензацијата на УС Опен поради повреда го предаде дуелот, при негатива од 1-0 по првиот сет кој Канаѓанецот го доби со 6-3, а потоа на 3-1 во вториот дојде до крај на пресметката.
Оже-Алијасим за првпат ќе игра во полуфиналето на еден Грен слем турнир негов ривал ќе биде вториот носител Данил Медведев.