Фармацевтската компанија Модерна објави денеска дека развива нова вакцина против ковид во една доза, која комбинира засилувачка доза со експериментална вакцина против грип.
– Веруваме дека имаме голема можност пред нас, доколку би можеле да ставиме на пазарот високо ефективна, општа годишна вакцина против респираторни патишта – изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, пренесе Ројтерс.
Компанијата веќе спроведува клинички испитувања на вакцини против респираторни заболувања за возрасни.
Модерна веќе развива неколку вакцини против вирусот, се додава.