сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагата

Заев не смета дека Филипче има морална одговорност, тогаш тој прејудицира дека нема ниту кривична одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Венко Филипче има најмалку морална одговорност за траорната несреќа која се случи во Тетово и во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Токму затоа оставката е неопходна.

-Оставките не треба да застанат со Филипче. За да може да се спроведе непристрасна и независна истрага за случајот потребни се оставки и од Артан Груби и од Зоран Заев. Само со оставки на Филипче, Груби и Заев ќе имаме непристрасна истрага, од која ќе се утврди и вина. Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагата. Патот е јасен. Оставки на Филипче, Груби и Заев, па непристрасна истрага, и на крај кривична одговорност. Не може 14 луѓе живи да изгорат, а никој од власта да не е виновен за ништо, стои во сопштението на партијата.

Одговорност мора да има. Зошто ако сега се премолчи, слични или полоши ситуации може да ни се случуваат повторно.

Да не дозволиме неказнивоста да стане правило. Време е за одговорност.

Најнови вести