14 луѓе изгореа живи, сега држете ги рацете подалеку од членовите на семејството и лекарите, порача лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Оваа порака до власта тој ја испрати по сведоштвото на Ибин Емшиу, кој во несреќата ги загуби својот татко и брат, по што добива закани по својот живот за да не зборува што се случи во ковид-центарот во Тетово.
-Како 14-те жртви изгорени живи да не беа доволни, наместо да обезбедите фер истрага и случајот да не се повтори, власта се обидува да се амнестира одговорност преку закани и уцени. Во изминатите неколку дена се врши притисок врз роднините на жртвите и докторите од болницата во Тетово. Ибин Емшиу, младичот кој ги загуби таткото и братот во пожарот, обвини дека му се закануваат да не зборува и да ја каже вистината за условите и пожарот во модуларната болница во Тетово. Од друга страна, некои лекари велат дека им се врши притисок да потпишат петиција за одбрана на директорот на тетовската болница, во ист стил како што директорите на скопските клиники се обидуваат да го спасат Филипче. Ве повикувам под итно да престанете со овие притисоци, инспекторите нека си ја вршат работата без политичко мешање. Почитувајте ги жртвите и нивните семејства, како и медицинскиот персонал кој го оставивте да работи во сурови услови. Ве уверувам дека, денес или утре, одговорните за палењето на 14 души, како и оние кои попречуваат истрага, се закануваат и уценуваат, ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата, пишува Села на „Фејсбук“.