Најдобриот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ е парично казнет со пет илјади долари поради неспортско однесување на финалниот натпревар на УС Опен кој Србинот го загуби со 3-0 од рускиот тенисер Данил Медведев.
Српскиот ас во текот на целиот меч имаше подредена улога, а на момент покажа и немоќ и лутина. Па така во еден момент „подебелиот крај“ го извлече неговиот рекет, потег за кој вицешампионот заработи казна.
Novak Djokovic smashes his tennis racket in frustration at the #USOpen 😳pic.twitter.com/URHaQZKqY6
— The Sporting News (@sportingnews) September 12, 2021