вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дебата за законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници

Дебата за законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници

Дебата за тоа зошто се потребни измени во Законот за вработени во јавниот сектор и во Законот за административни службеници денеска ќе се одржи во зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.

Дебатата ја организира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), а на неа организаторите најавуваат присуство на министерот за  информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, професори по административно право и на претставници од синдикатите и невладините организации.

Синдикатот на УПОЗ се уште останува на ставот дека е потребно комплетно отварање и измени на двата закона или носење на сосема нови закони.

Еден од најбитните недостатоци на овие два закони, според УПОЗ, е неможноста одредени области и прашања да се регулираат со колективен договор бидејќи во постојните законски одредби во целост е испуштена или ограничена обврската за потпишување на вакви договори. Со постојните закони, како што посочува УПОЗ, Синдикатот е исклучен и од учество во изготвување на сите подзаконски акти кои ги уредуваат правата на вработените, а во однос на начинот на оценување на вработените, забелешка е дека им се дава можност на непосредно претпоставените службеници оценката да ја дадат од субјективни причини.

Најнови вести