петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

ПРИСТИГНУВА АСТРО ПЕРИОД КОЈ МЕНУВА СЀ! Марс во Вага – силата се буди: Стануваме неодлучни, а една работа е клучна

ПРИСТИГНУВА АСТРО ПЕРИОД КОЈ МЕНУВА СЀ! Марс во Вага – силата се буди: Стануваме неодлучни, а една работа е клучна

Марс, планетата на дејствување денес влезе во воздушниот знак Вага и ќе остане таму до 30 октомври, кога ќе премине во Скорпија. Бидејќи Марс ги прима квалитетите на знакот во кој се наоѓа, јасно е дека ќе ја има симболиката на Вага.

Во овој период, некои од нашите врски ќе се сменат, ќе видиме некои работи што досега не сме ги приметувале, ќе запознаеме нови луѓе, можеби ќе ја прекинеме или разладиме врската што ни создава проблеми.

Сега, повеќе од кога и да е, имаме можност да се видиме во огледалото што ни го држат другите луѓе. Она што многу ни пречи кај нив, што нe става во состојба на отпор, што нe лути, веројатно е нешто што го имаме во себе, но не сме подготвени да се соочиме со тоа. Затоа што го презираме, затоа што ни пречи…

Што тоа говори тоа за мене?
Колку сте добри во поставување граници? Дали знаете како да се заштитите од она што доаѓа и ве загрозува. Ако се осмелувате да се изразите, кажете „не“ тогаш кога навистина е потребно.

Дали давате премногу малку или премногу во вашите врски?

Балансот на примање и давање е клучен.

Сигурно е дека некои луѓе сега ќе ви бидат прикажани во ново светло, дека ќе треба да донесете некои одлуки, кои нема да бидат секогаш лесни бидејќи овој Марс носи многу двоумење, тој е неодлучен.

Што ако се одлучам за опцијата А и целосно ги загубам сите други опции?

Овој Марс е голем шармер и заводник. Ако чувствувате дека некој ве освојува, можно е да нема сериозни намери зад тоа, затоа дајте си време. Правда, баланс, посредување, мирно решавање спорови, но и пасивно агресивно однесување се некои од неговите карактеристики. Спорови, тужби, почеток на ново партнерство, прекин на лоша врска – ова се сите можности кои се сигурни во наредниот период.

Марс во Вага нема да ги израдува Јарците, Овните и Раковите.