понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Од каде пари за луксуз? Фирмата на Шилегов на раб на опстанок?

Стоилковски: Од каде пари за луксуз? Фирмата на Шилегов на раб на опстанок?

Почитувани Петре Шилегов не одговори на предизвикот да ги покаже приходите на неговото адвокатско друштво изминатите три години за време додека е градоначалник на Град Скопје. Шилегов го сокрива тоа затоа што тоа би се одговорило прашања од каде е изворот за пари за луксузите со коишто се поднови Шилегов и со кои средства го зголемува неговиот имот во ове три години за време на градоначалнички мандат, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека според нивни информации, Адвокатското друштво Шилегов и партнери ДОО –Скопје во 2019 година, остварил финансиски резултат –добивка од 301.905 денари.

– Значи адвокатското друштво на Петре Шилегов во 2019 година има добивка од неполни 5.000 евра. Цело адвокатско друштво, цела компанија, на раб на опстојување, на раб на одржување. Адвокатско друштво каде што Шилегов не е сам, Шилегов има и патрнери така е и името на фирмата. Градоначалничката плата на Петре Шилегов не е доволна за ваков луксуз во три години. Фирмата на Шилегов со 300.000 денари годишно заработка, е на раб на постоење, и не може да е извор за луксузирање. Петре Шилегов градоначалник во заминување, во еден мандат несразмерно го зголемува својот имот и тоа со луксузна вила на Маврово од 300 метри квадратни со огромен луксузен екстериер, со возен парк од најмалку 130.000 евра, три луксузни автомобили, како и со нелегална луксузна надградба на семејна зграда со што ја наткачува вредноста на објектот за најмалку 100тина илјади евра, истакна Стоилковски.

Портпаролот појаснува дека ниту платата, ниту фирмата не може да се извор за толкав луксуз !

Прашањата од кои што Петре Шилегов бега се следните:

  • Дали зад луксузните градби и нелегални надградби стојат фирми коишто на некој начин може да се поврзани со тендери и исплатени пари од градската каса ?
  • Дали Петре Шилегов се луксузира на сметка на противуслуги поврзани со работењето на Градот ?

Ова се само дел од прашањата коишто ги отвора молкот на институциите за дивата надградба на Петре Шилегов, молкот за неговата документација, молкот за непријавен луксузен имот за којшто и самиот зборува ! Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Петре Шилегов, додаде Стоилковски.

Најнови вести