Трите партии кои бараат независност на Каталонија од Шпанија добиваат во каталонскиот парламент апсолутно мнозинство на предвремените избори одржани вчера, според првичните официјални резултати по 92 отсто преброени гласови.
Сепаратистичките партии добиваат 70 од 135 места, според првичните резултати, додека за мнозинство се потребни 68 пратеници.
Партиите за независност имаа 72 пратеници во парламентот од изборите во 2015, со што пред два месеци ја доведоа североисточната покраина на раб на независност, а Шпанија ја внесоа во најголемата политичка криза во последните четири децении.
Партијата со најмногу освоени места е Граѓани на Карлес Пучдемон со 35 пратеници. Следат партиите Заедно за Каталонија со 34 и Каталонската републиканска левица со 32. На четвртото место со 18 пратеници е партијата на левиот центар ПСЕ која е против независноста.
Мнозинството на заговорниците на независноста засега им го носат 4 пратеници на антикапиталистичката Кандидатура на народното единство, со што имаат 70 пратенички места.