Германските експерти кои што треба да ги утврдат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица денеска не пристигнаа во земјата.
-Денеска четворицата експерти не се пристигнати. Очекуваме тие да пристигнат деновиве, истакна на денешната пресконференција владиниот портпарол Душко Арсовски.
На прашање до каде е истрагата за истиот пожар, со оглед што оттогаш поминбаа повеќе денови, Арсовски упати новинарите одговорите да ги побараат од надлежните истражни органи во земјава, кои функциопнираат независно од извршната власт.
-И ние апелираме истрагата да се заврши што побрзо до надлежните органи, рече Арсовски.
Новинарите се интересираа и дали се реални оставките на министерорт за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, и до каде е одлуката на премиерот Заев за нив.
-Оставките на министерот Венко Филипче и на заменик министерот Илир Хасани, за кои беше соопштено преку пресконференција на министерот и преку фејсбук статус на заменикот се доставени до премиерот Заев и се архивирани и тие не отстапуваат од овие оставки. Премиерот веќе објави дека својата одлука ќе ја донесе откако ќе бидат утврдени преку кистрагата што се води за случајот и очекуваме тоа да се случи во наредниот период. И премиерот апелира до надлежните органи што побрзо да биде завршена истрагата, рече Арсовски.
На прашањето за запрената изградба на три модуларни амбуланти, Арсовски ерече дека ја проверуваат оваа информација.
-Во секој случај е битно да се напомене дека овие болници се безбедни и го зголемија капацитетот на нашите болници во екот на ковид пандемијата, како и дека вакви болници се применуваат во целиот свет. Такви модуларни болници се уште добро функционираат во рамки на Инфективна клиниука во Скиопје, како и во други градови, рече Арсовски.
За прашањето зошто земјава е на врвот на листите и по одвишна смртност од ковид, односно граѓани кои се починати во домашни услови, тој објасни дека главна причина за високата смртност е што лицата не доаѓале навреме на лекар и се обидувале да се лечат дома, акога стигнувале во боолница, биле со тешки симптоми.
-Исто таја треба да се напомене дека најголем број од починатите члица се над 60 годишна возраст, и најголемиот дел од нив се со хронични заболувања, како што се бибрежна болест, хиперфтензија и слично, потенцира Арсовски.