четврток, 4. април 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Кевин Њокас „распали“ од девет метри и го постигна деби голот за Вардар во ЛШ

ВИДЕО: Кевин Њокас „распали“ од девет метри и го постигна деби голот за Вардар во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар на гости кај Елверум игра борбен и израмнет натпревар во Лигата на шампионите, на отворањето на сезоната во елитата, се истакна последното засилување за „црвено-црните“, Кевин Њокас.

Францускиот бек, кој заедно со својот брат близнак во Вардар пристигнаа пред само неколку дена, одлично го започна вечерашниот меч во Норвешка и во свој стил „распали“ од девет метри и го постигна деби голот за новиот клуб.

Голот на Кевин Њокас против Елверум:

Вардар на овој дуел се бори без Анте Кудуз, Борко Ристовски и Едуардо Гурбиндо, додека во составот на Вујовиќ се најде и брат му на Кевин, Оливие Њокас.