четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПОЛОВИНА ДРЖАВА УТРОВО ЗАГАДЕНА И ВО ЛЕТО: Градоначалниците на СДСМ во изминатите четири години им ветуваа само лаги на граѓаните

ПОЛОВИНА ДРЖАВА УТРОВО ЗАГАДЕНА И ВО ЛЕТО: Градоначалниците на СДСМ во изминатите четири години им ветуваа само лаги на граѓаните

Речиси половина Македонија утрово се гуши.

Според најновите податоци утрово најзагаден град во земјава е Тетово со 92 ПМ 10 честички на метар кубен, а потоа следува Велес, со 91 ПМ 10  честички на метар кубен, а на трето место е Кочани со високи 63 ПМ 10 честички на метар кубен.

Во Скопје утрово најзагадена општина е Ѓорче Петров каде загаденоста изнесува 59 ПМ 10 честички на метар кубен.

Потоа најзагадено е кај Ректоратот во центарот на градот, а на крајот следува и Лисиче каде загаденоста е 54 ПМ 10 честички на метар кубен.

Инаку засега е нејасно како може среде лето толку многу да е загаден воздухот низ државата, а вчера во Кичево мерната станица достигна дури над 900 ПМ 10 честички на метар кубен.

Инаку наскоро почнува предизборната кампања за локалните избори каде како и до сега власта предводена од СДСМ и актуелните градоначалници досега повторно ќе ветуваат справување со загадениот воздух како и садење на повеќе дрва, градење на паркови, иако досега во изминатите четири години граѓаните не видоа ништо од тоа.

Најнови вести