вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев и Филипче да одговорат: Зошто Авганистанците се сместуваат во хотели, а болни од Ковид-19 во пластики кои горат за помалку од 3 минути ?!

Заев и Филипче да одговорат: Зошто Авганистанците се сместуваат во хотели, а болни од Ковид-19 во пластики кои горат за помалку од 3 минути ?!

Осум дена од трагичниот настан кој ја потресе Македонија, но и регионот. Бевме сведоци изминатиов период на лажна оставка на Венко Филипче, кој да потсетиме излезе по втор пат во јавност по кобниот 8-ми септември и изјави: „Нудам оставка до премиерот Зоран Заев“. И сето тоа демек поради морална одговорност ?!

Во нормална држава, по ваков немил настан, надлежните веднаш си даваат НЕОТПОВИКЛИВА оставка. Но, бидејќи сме далеку од нормална држава, а далеку од луѓе со морал се луѓето што ни ја водат државата, ние нема да го доживееме тоа, за жал. Видовме лажна оставка, а од друга страна од премиерот Зоран Заев пак НЕ ВИДОВМЕ НИШТО. Криење од јавноста, кратки и нејасни изјави се само неколку од неговите трикови на кои сме навикнати овие 4 години. Така и со овој случај.

НО, денеска исто така видовме едно недолично однесување на човек кој има функција ПРЕМИЕР НА ДРЖАВА. На новинарско прашање поврзано со опожарената модуларна болница каде животот трагично го загубија 14 лица, дали од морална одговорност размислувал за оставка тој очигледно надвор од својот памет со потсмев одговори:

„Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка“

Очигледно на Заев поважна му е функционерската фотелја, отколку моралната одговорност пред целиот македонски народ, а особено пред семејствата и најблиските на жртвите од пожарот. Народски кажано, премиерот абер нема!

Револтот кај граѓаните е подгреан, тие не бараат само одговор, туку и одговорност како и зошто дошло до пожарот, но и зошто во самата модуларна болница се наоѓале и роднини на заболените. Се поставуваат многу прашања, а еден одговор е најпотребен:

„Зошто Авганистанците се сместуваат во хотели, а граѓаните болни од Ковид-19 кои се борат за живот се сместуваат во пластики кои видовме како горат за помалку од 3 минути?“

М.А

Најнови вести