Русија го заврши тестирањето на својот нов противракетен систем С-500 „Прометеј“ и почна да го испраќа на оружените сили, кажа заменик премиерот Јуриј Борисов, а пренесува новинската агенција РИА.
Го опиша како вселенски одбранбен систем и истакна дека може да пресретнува интерконтинентални балистички проектили, хиперсонични крстосувачки проектили и напредни авиони.
Русија почна да го тестира минатата година и војската најави дека првично ќе биде распореден околу Москва. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2019 година кажа дека Анкара сака заеднички да го произведува системот С-500 со Москва.