Портпаролка на служба во регионалната влада во четвртиот по големина украински град Днипро и нејзин придружник денеска загинаа во експлозија на автомобил, јави ДПА.
Државната служба за вонредни состојби во регионот Днепропетровск денеска соопшти дека една од жртвите е нејзината 35-годишна прес-секретарка Дарија Хречишчева.
Според медиумите, втората жртва е експерт за деактивирање нагазни мини.
Причината за експлозијата првично е нејасна, иако украинската разузнавачка агенција, СБУ, и полицијата отворија истраги за тероризам, додава германската агенција. (МИА)