вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доколку денеска биде ведро и без облаци еве какво време се верува дека ќе имаме цела есен и зима

Доколку денеска биде ведро и без облаци еве какво време се верува дека ќе имаме цела есен и зима

Македонската православна црква и верниците денес го одбележуваат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица и е еден од 36-те големи празници во календарот на МПЦ.

Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.

Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на денешен празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.

На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените така денес не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

Постојат верувања дека на Мала Богородица ништо не трееба да се работат работи кои се работат со раце. На денешен ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

Народот верува и дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Најнови вести