Русија е прогласена за виновна за убиството на поранешниот шпион Александар Литвиненко, објави денеска Европскиот суд за човекови права.
– Русија е виновна за убиството на Александар Литвиненко во Велика Британија во 2006 година, се вели во соопштението на судот.
Литвиненко беше поранешен агент на ФСБ, кој почина три недели откако пиeл чај во хотел во Лондон. Во пијалакот е додаден смртоносен полониум-210. Според странските медиуми, британската истрага утврдила дека тој бил отруен од агентите Андреј Лугова и Дмитриј Ковтун по „наредба најверојатно одобрена од Путин“.