Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ја почна неговата 339. недела на врвот на АТП-листата и сега има 12.133 бодови.
На најновата АТП-листа немаше промени во топ-10, па така Русинот Данил Медведев остана втор со 10.575 бодови, а Стефанос Циципас е на третата позиција.
Во топ-10 се наоѓаат уште Александер Зверев, Андреј Рубљев, Рафаел Надал, Матео Беретини, Доминик Тим, Роџер Федерер и Каспер Руд.
Ѓоковиќ ја зголеми предност на врвот на АТП-листата во однос на Медведев на 205 бодови.
Кај дамите на првото место со 10.075 поени е Ешли Барти, по што следат Арина Сабаленка на втората позиција и Каролина Плишкова е трета.