Светската здравствена организација денеска објави дека и пониските нивоа на загадување на воздухот се исто така штетни за здравјето на луѓето, за разлика од претходните анализи.
Во новите упатства за квалитетот на воздухот, ажурирани првпат по 15 години, агенцијата на ОН наведе дека 90 отсто од светската популација веќе живее во области со најмалку еден исклучително штетен вид на загадувачи.
СЗО објави ревидирани упатства за квалитетот на воздухот во момент кога климатските промени се водечка тема на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Од последното ажурирање на препораките на СЗО, подобриот надзор и наука овозможија појасна слика за глобалните ефекти на шесте водечки загадувачи на воздухот врз здравјето на луѓето.
Се проценува дека изложувањето на загаден воздух ќе предизвика седум милиони предвремени смртни случаи секоја година и ќе влијае врз здравјето на многу поголем број луѓе.
СЗО наведува дека загадувањето на воздухот сега може да се спореди со другите глобални здравствени ризици, како што се нездравата исхрана и пушењето.