Боксерскиот меч за титулата помеѓу Мексиканецот Саул Канело Алварез и Американецот Калеб Плант, кој е планиран за почетокот на ноември во Лас Вегас, имаше крвава увертира на заедничка прес-конференција.
Канело најпрво силно го турна Калеб откако си разменија грди зборови, а Американецот тогаш се обиде да го удри Мексиканецот и настана тепачка.
Калеб се здоби со расекотина под десното око, но тврди дека тоа било од неговите очила.
-Тоа е само од очилата за сонце што ги имав. Не знам како се случи, само ми го изгреба образот, рече Плант.
Алварез и Плант ќе се борат во Лас Вегас на 6 ноември 2021 година за титулата ИБФ во супер средна категорија.
Heated face off here before the #CaneloPlant press conference 🤯😳
Streaming live: https://t.co/mIPZRjJbFo pic.twitter.com/7WXH6hAQu6
— SHOWTIME Boxing (@ShowtimeBoxing) September 21, 2021