петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Боксерски спектакл во сабота: Џошуа против Усик

Боксерски спектакл во сабота: Џошуа против Усик

Сè е подготвено за саботниот боксерски спектакл во Лондон меѓу светскиот првак, Британецот Ентони Џошуа (31) и предизвикувачот, Украинецот Олександр Усик.

Џошуа против Усик ќе ги брани титулите во тешка категорија во верзиите WBA, IBF, WBO и IBO, а борбата на стадионот „Хотспар“ ќе биде пресметка и меѓу двајца поранешни олимписки шампиони. Британецот го освои златниот медал во супертешка категорија на Олимпијадата во Лондон 2012, додека Украинскиот боксер на истите Игри се закити со златното одличје во тешка категорија.

Џошуа претходно оваа година требаше да се бори против сонародникот Тајсон Фјури за обединување на сите пет титули во тешка категорија, но нивната борба во Саудиска Арабија не се одржа, откако американскиот суд му наложи на Фјури дека мора да ја испочитува клаузулата од договорот и по трет пат да се бори против Американецот Деонтај Вилдер за титулата во WBC верзијата.

Украинецот Усик влегува во рингот против Џошуа со ефект од 18 професионални победи во исто толку настапи, од кои 13 со нокаут.

Меѓу Џошуа и Усик постои длабоко меѓусебно почитување, поради што прес-конференција во Лондон мина без вообичаеното лажно непрјателство.