Во Германија, во пресрет на утрешните парламентарни избори, пуштена е во продажба лимитирана серија златници со ликот на канцеларката Ангела Меркел.
Продажната вредност на монетата започнува од 49,95 евра, соопшти колекционерската куќа МДМ.
Златникот тежи 0,58 грама чисто злато, примерок 999. Неговата големина изнесува 12,5 милиметри, а тиражот е 5.000 парчиња.
На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел и изгравирана е 2005 година, кога таа ја презеде функцијата канцелар на Германија.
Соопштено е дека серијата златни монети е издадена во чест на највлијателната жена во светот.