ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ вечерва традиционално од Охрид ја започнаа изборната кампања за претстојните локални избори на 17 октомври.
Претставени беа сите кандидати за градоначалници, а публиката која е во голем број на Антички театар ги бодреше со силен и громогласен аплауз. Запалени беа и факли- Охрид вечерва „гореше“ во позитивна и победничка атмосфера.