Да создадеме нова иднина можно е само со јасен концепт. Тоа е концептот 3П: промени- проекти- победи, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Пред охриѓани во Античкиот театар, од каде што започна изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја претстави својата визија за иднината и успехот.
Промена подразбира промена на системот на вредности што владее сега, а е извор на лошото однесување на политичките елити. Промена на свесноста и чувството за одговорност, промена на системот на функционирање на државата. Системот треба да прерасне во систем насочен да им помага на луѓето, а не да управува со луѓето, да биде сервис на луѓето, а не дувло на корупција и извор на проблеми. Конечно промена на грешките кои политичарите ги правеле до сега, и промовирање на поинаков начин на работа, одговорен, принципиелен, чесен. Знам дека е полесно да се каже отколку да се оствари, но мојата воља за ова да се направи е толку силна што ништо нема да ме поколеба.
Второто П е за проекти, тоа се проекти на развој, солидарност, проекти за грижа за луѓето и за подобрување на инфраструктурата, проекти за поквалитетна животна средина, проекти кои ќе не доближат брзо до европските градови и држави, за тие проекти ние имаме рокови и во оваа кампања ќе ви презентираме еден поинаков пристап, кој до сега не е презентиран, за тоа ќе имаме посебен настан и ве уверувам само тој пристап ќе донесе резутлати веднаш, и подобра, нова иднина.
И конечно третото П стои за победи. Победа над духот на малодушноста, верба во квалитетот на начиот народ, на сите етнички заедници, верба ека оваа држава е нивна и дека работи за нив, и дека заедно е возможно со мобилизирање на сите капацитети да се постигнат победи и оваа држава, нашата Македонија да е успешна приказна.
Победа стои за победи во сите области, со поддршка на најдобрите, со поддршка на најуспешните, победа значи да се гордееме со тоа кои сме и во каква држава живееме. Тоа е победа над сите оние кои ја создадоа апатијата, над сите претходни политичари кои разочараа, но и победа над сите оние кои се скептични дека може да успееме, ќе докажеме дека ние заслужуваме држава, дека имаме знаење, капацитет, вештини, квалитет, и дека можеме да бидеме рамо до рамо со напредниот свет. Победата ќе биде круната на нашиот пат и наше наследство за идните генерации кои во новата иднина, ќе бидат горди со своите предци и со тоа што сите ние заедно како генерација сме го направиле, рече Мицкоски.