сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во Програмата нуди повеќе од 14 илјади проекти, нови училишта, градинки, паркови, гасификација

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во Програмата нуди повеќе од 14 илјади проекти, нови училишта, градинки, паркови, гасификација

Ова ќе биде кампања во која ќе зборуваме за проекти, за иднина, нови, мллади луѓе кои се амбициозни, луѓе кои ќе победат и ќе ја најават новата иднина, промените. Фокус на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат промени, проекти, иднина, а не она што го нуди противникот апатија и проблеми, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител.

„Ќе се фокусираме на проекти, има повеќе од 14 илјади проекти во Програмата, повеќе од 100-тина нови училишта, градинки, паркови, гасификација нешто за што јас се чувствувам одговорен, нешто што треба да се реалзира за почиста животна средина, за почист воздух, за граѓани кои ќе имаат покомфорен живот и слично“, рече Мицкоски од Охрид.

Според него овие избори ќе бидат предвесник и опомена на власта.

„По овие избори ние очекуваме ново парламентарно мнозинство и предвремени парламентарни избори. Тоа е она кое го очекуваме ние“, подвлече Мицкоски.

Најнови вести