четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата ќе ја одржи 108-та седница

Владата ќе ја одржи 108-та седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 108-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, меѓу кои и предлог Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија во Македонија (2021-2027) и Акцискиот план 2021-2023 за спроведување на оваа стратегија, како и Предлог на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2021-2025).

На дневниот ред, како што информираат од владината прес-служба, се и предлогот на Министерството за финансии да бидат разгледани Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за установите и Предлог-законот за финансиска стабилност.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

Најнови вести