среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Предвидуваме изградба на најмалку две нови градинки во Општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Предвидуваме изградба на најмалку две нови градинки во Општина Ѓорче Петров

Над 450 деца не можат да одат во градинка, а родителите на работа. Семејствата бараат алтернативи кој да ги чува секојдневно, бидејќи капацитетите во градинките се преполнети. Ова е сериозен проблем, вели кандидатот за градоаначник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Посочува дека сериозно ќе се насочи кон решавање на овој проблем и ќе го сфати како личен предизвик, па најави отворање на најмалку две нови градинки во Општината.

-Бабите и дедовците се првите „спасители“ кои наместо да уживаат во пензионерските денови, тие се вложуваат за своите внуци бидејќи се прва алтернатива за чување. Ова мора да го промениме. Имаме начин како да го направиме тоа. Вие сте причината зошто веднаш ќе започнеме да вложуваме во отворање на нови капацитети на градинки. Но не само капацитети, туку и нови објекти за градинки низ Ѓорче Петров. Ветуваме менаџирање, не политиканство. Тоа и ќе го спроведеме. Вложување во грижата и образованието за младите. За тоа ќе ги вложиме и трошиме вашите пари. Заедно да создадеме подобра иднина, вели Стојкоски.