сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Миленковски: Изградба на нова велосипедска и трим патека Злетово – Пробиштип

Миленковски: Изградба на нова велосипедска и трим патека Злетово – Пробиштип

Едно од барањата особено на помладите, на оние кои треба да градат здрава иднина е барањето за велосипедска и пешачка патека. Пробиштип е град на кого спортот сега му е потребен повеќе од кога и да е. Од овде сметам дека е потребно да ја смениме визијата на локалната самоуправа, истакна Маријан Миленковски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потребно е да погледнеме надвор од традиционалниот автоцентричен модел на планирање. Со изградбата на оваа патека, не се задоволуваат само потребите на велосипедистите и рекреативците. Со неа ќе се поттикнат и оние што не ги практикуваат велосипедите како превозно средство да ги сменат своите навики и да се одлучат да го користат како превозно средство. Велосипедизам и пешачење за рекреација, спортување, дружење и авантура, истакнува тој.