недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Туцаковиќ долго патеше по него: Поранешната Љубов на Марина едвај го носеше ковчегот со нејзиното тело за последен пат (ФОТО)

Туцаковиќ долго патеше по него: Поранешната Љубов на Марина едвај го носеше ковчегот со нејзиното тело за последен пат (ФОТО)
Foto: Marko Jovanović

Оливер Мандиќ, некогаш неприкосновениот, контроверзен пејач на ЈУ естрадата, дојде на погребот на Марина Туцаковиќ, која денеска беше погребана на Новите гробишта во Белград покрај, како што беше нејзината желба, нејзиниот син Милош, кој почина пред 13 години.

Оливер, придружуван од Јелена и Жика од групата „Зана“, пристигна на погребот, без да изусти збор, со наведната глава влезе во капелата за да изрази сочувство и испрати последен поздрав до некогаш неговата сакана Марина.

Да потсетиме, Марина ги напиша најубавите љубовни песни за многу пејачи, а малкумина знаат дека таа беше во четиригодишна врса само со едн од нив.

Имено, во седумдесеттите години на минатиот век, Марина беше во љубовна врска токму со пејачот Оливер Мандиќ, кој во тоа време беше на почетокот на својата музичка кариера.

Иако во јавноста речиси и да не се зборуваше за оваа романса, тие двајца беа вљубени четири години, а Оливер еднаш потврди дека по раскинувањето, Марина долго патела и страдала по него.

Најнови вести