петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Торнадо во Германија корнеше покриви и ги крена чамците од вода

Торнадо во Германија корнеше покриви и ги крена чамците од вода

Силно торнадо вчера пустошеше низ германскиот град Кил, оставајќи голема штета зад себе.

Седум лица се повредени во страшното невреме, од кои тројца потешко.

Торнадото корнеше покриви од куќи и ги крена чамците од водата, а полицајци и пожарникари беа распределени на лице место за да помагаат во спасување на луѓето и чистење на нередот што зад себе го остави разорното торнадо.

Граѓаните објавија снимка од торнадото на социјалните мрежи.

Населбата Грошејд годинава еднаш веќе беше погодена од торнадо, кога беа оштетени 50 куќи. Тоа се случи само еден месец откако соседните држави Рајна-Вестфалија и Рајнланд-Пфалц беа погодени од поплави, при што загинаа речиси 200 луѓе.