сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски со поддршка за проектот на Арсовска „Скопје без заборавени населби“

Стојкоски со поддршка за проектот на Арсовска „Скопје без заборавени населби“

Со огромно задоволство сакам да ја изразам мојата поддршка на проектот на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска- „Скопје без заборавени населби“, кој опфаќа поголеми и позначајни инвестиции во скопските населби, вели Александар Стојкоски, кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во 21 век не смее да има цели населби и населени места во главниот град без основни потреби и услови за живот. Скопје се соочува со нерамномерен развој.
Додека центарот на градот и урбаните населби се пренатрупани со гужва, приградските населби немаат основни услови за живот.
На само 7 до 8 километри од центарот на градот има десетина населби во кои, во една нема редовна и чиста вода, во друга нема канализација, во трета нема игралишта за децата, во некоја нема тротоари и асфалтни улици, во друга нема автобуска линија. Затоа, предлагаме и веднаш ќе се зафатиме со реализирање на еден од основните проекти програма на Данела – Скопје без заборавени населби.
Градот ќе изгради нова и посебна програма за сите заборавени населби. Волково, Даме Груев и Кучково и многу други населби во Ѓорче Петров ќе бидат едни од врвните приоритети во нашите мандати. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз и игралишта за најмладите мора да има секое населено место во и околу Скопје.
Апсолутно се согласувам со Данела дека потреба од политички надмудрувања, нема политика во тоа да се направи водовод, канализација, да се овозможи автобуски превоз или да се изгради тротоар.
Треба знаење, работливост, компетенции и сигурност.
Заедно со Данела, како Ѓорчепетровци се нафаќаме да го направиме Ѓорче Петров општина од 21 век!, пишува Стојкоски на Фејсбук.