Нашиот народ рекол, кој лаже тој и краде. Три и пол милијарди евра ја задолжија Република Македонија последните четири и пол години од нивното владеење, тоа е околу 4.500 евра по семејства ново задолжување, задолжување на идните генерации. Заев зема од идните генерации, Заев зема од иднината на нашите деца за тој да може да се луксузира. Парите кои што ги земаат не ги гледаме по патиштата кои што ги ветуваат, вели Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Конче.
Ковачки, рече дека три ипол милијарди евра завршиле во луксузните коли, вили и станови во Грција и Маврово, порачувајќи дека нема да избегаат од правдата, односно како што рече тој по промената на власта ќе одговараат.
-Тие три и пол милијарда евра ќе ви кажам каде се, тие се во луксузните возила, тие се во луксузните вили во Грција, во луксузните вили во Маврово, тие се во луксузните станови во соседните држави и во преку океанскиот свет, затоа што таму се спремаат да бегаат после промената на власта. Нека знаат, нема да избегаат каде и да се, ќе ги вратиме назад и ќе одговараат пред овој народ за се што направија и се што украдоа, порача Ковачки.
Македонија е по понижена и по искрадена од било кога. Ова што се случува е ненормално. Не може да одговараат само ситните криминалци. Каде се големите риби, кога ќе одговараат тие. Ги видовме како ги земаат парите во торба, каде е Ден Дончев, каде се останатите криминалци од останатото опкружување на Заев, рече тој.
Ковачки ја искоментира кампањскиот слоган „Најдоброто за мојата општина“, прашувајќи дали е најдобро и одговорно тоа што нема одговорност за пожарите, за 14те живи луѓе од тетовската модуларна болница.
-Дали е најдобро кога ќе ви изгори половина Малешевија затоа што не сте сервисирале авион, кој што некој друг претходно ги купил, а вие не сте можеле да ги сервисирате. И додека пожарот беснее по Истокот на Македонија вие да се сончате на луксузните грчки плажи. Тоа ли е одговорност и тоа ли е најдоброто за Македонија? Дали е најдоброто или дали е одговорно 14 луѓе живи да ви изгорат во болницата, луѓе кои што отишле да се лечат живи да ви изгорат и никој да не одговара, праша Ковачки.
Ковачки истакна дека лично го познава Златко Ристов порачувајќи дека станува збор за чесен, трудољублив човек, кој стои на кажаниот збор.
-Јас лично го познавам Златко повеќе од 20 години. Можам да кажам дека е позитивен лик, чесен човек, трудољублив човек, човек кој што стои позади кажаното. Имав можност и чест униформата да ја носам заедно со него, потенцираше Ковачки.
„Затоа ве повикувам да гласате за бројот 7 кој е за иднината, бројот 7 е за Златко, бројот 7 е за Конче, бројот 7 е за Македонија“, порача Ковачки од Конче.