сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Шакири: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Скопје

Шакири: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Скопје

Доколку бидам избран ќе работам посветено и ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Градот Скопје без разлика на нивната партиска, национална, верска и било која друга припадност, порача Арбен Бени Шакири, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП на официјалното отворање на Градскиот штаб на Коалицијата.

-Заедно со професорот Пановски ќе дадеме се од себе да покажеме  дека сме вистински скопјани, дека сме вистински домаќини и дека ќе работиме посветено и ќе носиме храбри и одлучни решенија. Ќе работиме исклучиво за граѓаните за да ги решаваме проблемите на граѓаните на Градот Скопје. Токму затоа сме тука, а не за да истераме мандат, да ги затвориме кабинетите и да не фатиме ништо што доаѓа од страна на граѓаните. Овој пат  ве уверувам дека тоа нема биде така, изјави Шакири.