сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Коњановски: СДСМ наследи готови проекти за топлификација и прочистителна станица, но поради незнаење ги закочи, затоа се потребни промени

Коњановски: СДСМ наследи готови проекти за топлификација и прочистителна станица, но поради незнаење ги закочи, затоа се потребни промени

„Во овие четири години од локалната власт на СДСМ Битола доби апсолутно мртвило и нула реализација на ветените мерки од нивната програма. Граѓаните се доволно свесни што направи локалната власт, резултатот е нула“, истакна Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола во емисијата на МТВ.

Коњановски додаде дека во разговорите со младите може да се заклучи дека Битола е на маргините на живеењето. Граѓаните бараат таа слика што поскоро да се промени.

„Локалниот економски развој е основата за тоа, да се промени таа слика, односно да се даде можност на стопанството, стопанствениците, луѓето пред се од Битола, меѓутоа и на другите кои што сакаат да инвестираат од надвор, вратата ќе биде отворена во локалната самоуправа, што за жал тоа досега го немало“, рече Коњановски.

Коњановски посочи дека досега биле огромни пречки за влез на некоја нова инвестиција, дури имало пречки и за нивно промовирање.

„Таа слика секако дека ќе ја промениме, да споменам дека многу капитални инвестиции беа капитални во делот на топлификација на општина Битола, во делот на прочистителна станица, готови проекти беа на тацна во изминатите години во периодот на 2014 – 2017. Но не мрднаа до сега, а зошто не мрднаа до сега треба да каже актулената власт. Тие проекти се наши проекти кои ќе ги реализираме секако, ќе ги отпочнеме со реализација бидејќи сите претходни студии, физибилити студии и тендери беа прекинувани од незнаењето на оваа локална самоуправа“,појасни Коњановски.

Коњановски укажа дека локалната власт ги реализираше тие проекти досега Битола ќе беше градилиште.

Најнови вести