Пејачката Дара Бубамара сподели тажна вест со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм пред четири дена и објави дека починала најважната фигура во нејзиниот живот, нејзиниот татко.
Сега Дара објави преписка со нејзиниот татко и ги растажи нејзините бројни обожаватели.
Му пишувала дека е најдобар татко на светот, дека многу го сака и го прашувала како е.
Во една порака, додека тој бил хоспитализиран во болница, таа му напишала дека ќе има средба со тимот кој го лекува. Го тешела дека неговата здравствена состојба се подобрува.
Овие пораки сигурно се тешки спомени за пејачката.