Кандидатот за градоначалник за општина Карпош на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Оливер Зафировски, денеска ги посети сопствениците на дуќаните и деловните простории во трговскиот комплекс Порта Влае.
Тој од таму порача дека се повеќе трговци ги затвараат своите дуќани и дека комплексот е оставен на забот на времето без сериозна поддрѓка од локалната власт. Најави поддршка од општината за сопствениците на трговски дуќани и деловни простории како и организирање на настани, работилници и едукации за заживување на комплексот!
Тој на својата официјална Фејсбук страница објави фотографии и импресии од денешната посета кои може да ги погледнете во продолжение: