сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Се обврзувам за над 213 проекти за Велес, нов развоен истражувачки центар, подземна гаража, нова индустриска зона, три нови спортски комплекси

Колев: Се обврзувам за над 213 проекти за Велес, нов развоен истражувачки центар, подземна гаража, нова индустриска зона, три нови спортски комплекси

Кандидатот за градоначалник за општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, на вечерашниот митинг во општина Велес, истакна дека се обврзува за над 213 проекти во Велес, како нов развоен истражувачки центар, подземна гаража, нова индустриска зона, три нови спортски комплекси, велосипедски патеки и реконструкција на патот до езерото Младост, нов ГУП, уредување на кејот на Вардар и многу повеќе за сите граѓани на Велес.

Колев се обврзувa дека ќе ја вложи целата своја енергија, целото негово знаење за просперитетен Велес, за поубаво место за живеење за своите сограѓани.

Во програмата која заедно ја изработивме со граѓаните, нудам многу проекти, а воедно и решенија за проблемите кои ги мачат нашите сограѓани. Не ветувам ништо што не можам да го реализирам, a ќе реализирам многу повеќе од ветеното, рече Колев.

Колев пред велешани се обврза за следниве проекти:

-Се обврзувам после 16 години да направам се што е потребно за да се донесе Генералниот урбанистички план. Без ГУП нема развој на Велес;

-Ви ветувам уредување на кејот на реката Вардар.

-Можеби еден од најприоритетните проекти за градот е реконструкција на мостот кај Башино село кој е во исклучително лоша состојба. Еднаш кажав, ако падне
мостот недај Боже, ќе падне и Велес;

-Уште во првата година од мандатот ќе ја реконструирам зградата на противпожарниот дом во Велес, која е стара повеќе од 40 години;

-Ќе го решиме и проблемот со кучињата скитници;

-Отвораме нов развоен истражувачки бизнис центар;

-Целта ни е да создадеме перспектива за младите. И со директна финансиска поддршка, за старт ап програми, ќе обезбедиме полесно отворање и развивање на бизниси за младите;

-Потоа ќе изградиме нова подземна гаража во центарот пред судот со капацитет од над 100 возила а над неа уреден градски плоштад. За конечно Велес да добие плоштад и следниот митинг за 4 години таму да го оддржиме;

-Изградба на нова индустриска зона Мамутчево 2, но и ќе дадеме силна поддршка за изградба на основната инфраструктура на веќе постоечките индустриски зони УЗУС, Речани, Речани 2, Караслари и индустриска зона Мамутчево;

-Поранешниот хотел Вила Зора ќе биде дом за стари лица со станбен простор за деца без родители;

-Во Велес има голем број на љубители на велосипедизмот кои за жал немаат соодветни и безбедни услови за рекреација. Затоа планираме изградба на велосипедски и пешачки парк;

-Планираме целосна реконструкција и осветлување на пешачката патека околу езерото Младост;

-Три нови спортски комплекси во населба Дворови, во дворот на училиштето Васил Главинов и во населба Речани;

-Реконструкција на градскиот парк и поставување на тартан патека за трчање.

Катна гаража кај автобуската станица;

-Реконструкција на фасадите на околу 20 згради во централното градско подрачје;

-Нова детска градинка;

-Проширување на патот кон езеро младост и негова реконструкција.

Колев истакна дека програмата која гарантира дека ќе ја реализира е од шест месечните разговори со граѓаните и посетата на над 3000 семејства.

-Затоа јавно ви ветувам, приоритетот на идната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде имплементација на над 213 проекти во Велес, рече Колев.

Тој истакна дека од 213-те проекти 126 проекти ќе бидат наменети само за подобрување на патната и комунална инфраструктура за жителите од Костурница до Прцорек и Црна Џамија, од Долно дуќани до Мегдан, од Којник до Камено брдо, од Тунел до превалец и Керамидна, од Узус до Шорка и Башино село како и околните населени места.

-Ајде да работиме сите заедно, ајде да го вратиме Велес на картата на силни градови, aјде да го вратиме Велес на пиедесталот, на град со најмногу реализирани капитални проекти, најмногу инвестиции, град со најголема поддршка за спортот, културата и младите, Велес за сите граѓани, истакна Колев.