Дара Бубамара неретко се појавува во медиумите поради своето брзо возење, а сега на Инстаграм се појави слично видео.
Дара се возела во својот скапоцен автомобил, а цело време се снимала со телефон додека била зад воланот. Во еден момент брзинометарот покажа скоро 170 километри на час, додека ограничувањето за тој дел од патот бил 80 километри на час, што ги шокира многумина. Ова видео стана вирално по социјалните мрежи.
Дара повторно ја загрозила безбедноста во сообраќајот а се чини дека на критиките поради ова оддамна не реагира.