вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани 261 возач во Скопје, 88 за брзо возење

Санкционирани 261 возач во Скопје, 88 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.