Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски заедно со пратеникот Бране Петрушевски и носителот на советничката листа за општина Куманово денеска положија цвеќе пред споменикот во Куманово по повод празникот 11 Октомври.
Денеска сме тука во Куманово, град борец, град кој дал многу жртви за Македонија, дал за независна и суверена Република Македонија и затоа денеска се поклонивме пред сите оние херои и дадовме почит за се она што направиле во минатото, а они направиле многу, ја дале својата крв, дале се за Македонија, ова денеска преку изјава го вели Мисајловски.
Тој додава дека тие со целата почит се поклонуваат пред овие споменици и не се лицемерни како власта која сака да ја смени историјата и не ги почитува сите историски работи што се случиле во минатото, а тоа се вековните борби за слобода на Македонија.
-Денеска имавме можност да засадиме и седум дрва, за оние што го дале својот живот за Куманово, но и за Македонија и да покажеме дека оние места кои што ги заборавило СДСМ, ние ќе ги посетиме и ќе посадиме некое дрвце. Се надевам дека со промената на локалната управа сите тие локалитети ќе бидат средени, бидејќи се напуштени, вели Мисајловски.
Тој додава дека целата поддршка ја даваат на Тони Мисајловски кој нуди одлична програма.