четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Димески: Ненад Коциќ и СДСМ ги излажаа велешани за гасификација на градот

Димески: Ненад Коциќ и СДСМ ги излажаа велешани за гасификација на градот

Ненад Коциќ и СДСМ ги излажаа велешани за гасификација на градот. Ненад Коциќ како носител на советничката листа на СДСМ на претходните избори, им ветија на граѓаните на Велес дека ќе биде спроведен гас до нивните домови а на компаниите до нивните фабрики во индустриските зони, ова денеска преку прес-конференција го истакна Драган Димески, кандидат за советник во Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Па затоа сакаме да ги запрашаме господата од власта до каде е гасификацијата на Велес? За волја на вистината, Ненад Коциќ лажеше и ветуваше се и сешто, се со цел да дојде до функција до која ќе може да задоволува само партиски интереси. А од гасификацијата на Велес нема ни траг! Нема ниту едно метро цевки поставено! Господине Коциќ зошто ги лажевте велешани, зошто не бевте искрени со нив и реално да им ја кажете вистината дека не сте способни да го гасифицирате Велес?! Треба да испаднете пред граѓаните на Велес и да им се извините за сите лаги што ги кажавте во претходната кампања! Да побарате извинување што залудно трошевте народни пари за директор кој ништо не работеше а земаше екстремно висока плата. Потрошивте над 1.2 милиони денари за некакви трошоци и за плата на еден човек, додека народот се обидува да врзе крај со крај. Цели две години трошење на народни пари за директорска плата а на виделина ништо! Како не ви е срам да испаднете пред граѓаните и да нудите нова програма, нови проекти а немате реализирано ниту еден капитален проект од претходните ветувања, во претходната кампања, каде вие бевте носител, вели Димески.

Тој додава дека ова се лагите на Коциќ и СДСМ кои се повторуваат секогаш кога итаат по функции. Тие се неспособни да раководат со општината и институциите. Освен лаги и манипулации на народот на виделина нема ништо друго.

-Затоа народот ќе ги казни на 17 со огромна разлика. Народот гледа и препознава реална програма со реални проекти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не ветуваат нешто што не може да се реализира. Врз тој принцип беше направена и програмата за претстојните локални избори составена од 213 проекти. Проекти кои се произлезени директно од секојдневните разговори со граѓаните. Тие го препознаваат тој искрен пристап и затоа на денот на изборите, мудро ќе одлучат и ќе ги казнат погубните политики на Ненад Коциќ и СДСМ и ќе гласаат за редниот број 7. За Марко Колев за градоначалник и Зоран љутков како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вели Димески.