среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски: Изборите на 17-ти октомври не се само локални, туку на нив треба да ја делегитимираме власта

Сајкоски: Изборите на 17-ти октомври не се само локални, туку на нив треба да ја делегитимираме власта

Ние сме на локални избори, но од нив ќе зависи многу како ќе живееме, дали ќе ја делегитимираме оваа власт. Треба да им кажеме не, да и кажеме не на оваа власт, рече генералниот секреатр на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на митингот во општина Долнени.

Според него на овие избори треба сите да излезат и силно да се спротивстават на оваа власт.

„Оваа власт најлошо се справи со короната, имаме скоро 7 илјади жртви, најлоши сме во се. Од овие избори треба  да пратиме порака на оваа власт дека не може вака да работи. Секој треба да излезе и да ја спречи оваа власт во ваквото работење“, рече Сајкоски.

Следниов период рече Сајкоски, треба да донесеме нови проекти.

„Во следниот период ни требаат победи, а не порази, затоа на 17 октомври треба да гласаме за број 7. Оваа е шанса е за Македонија, за граѓаните, ова е шанса за одење напред, ова е шанса да се казнат политиките на власта на Зоран Заев“, рече Сајкоски.

Најнови вести