Романскиот претседател Клаус Јоанис го предложи Дачијан Чолош, лидер на центристичката Унија за спас на Романија, за мандатар за формирање влада.
Минатата недела, малцинската либерална коалиција на Флорин Читуа, која беше на власт девет месеци, ја загуби довербата.
„Партијата УСР е единствената партија која ми поднесе предлог“, изјави Јоанис објаснувајќи ја одлуката за именување мандатар откао одржа одделни консултации со сите парламентарни партии. (МИА)