Безбедноста на живеењето на жителите на Општина Илинден, како за нивната безбедност, така и за безбедноста на нивните добра и имоти е еден од врвните приоритети во програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ за Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Во изборната програма опфатени се поголем број на проекти од повеќе области на безбедноста на граѓаните, како што се:
– Зголемување на безбедноста во сообраќајот, преку изградба на нови безбедни сообраќајни решенија, како и поставување на посовремена сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот
– Зголемување на безбедноста за велосипедистите и пешаците преку изградба на нови, безбедни пешачки и велосипедски патеки, како и пешачки надвозници на повеќе локации
– Реализација на проектот „Илинден – Светла општина“ со кои ќе се прошири и модернизира уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, појаснув Георгиевски.
Тој посочи дека сепак, најважен проект од областа на безбедноста во изборната програма е тој за отворање на Противпожарна станица во Илинден.
– Досега, за сите пожари на територијата на општината интервенираат возила од Противпожарната станица во Автокоманда. Со цел подобрување на ефикасноста на Противпожарната бригада, пред се во насока на побрза можност за интервенирање при пожари, предвидено е отворање на нова станица во централното подрачје на општината. Противпожарната станица ќе содржи целосна опрема за заштита и гаснење на подрачјето на општината и пошироко. Истата ќе има едно комплетно одделение, со целосна опрема за гаснење на пожар, додава кандидатот за градоначалник.