На 17-ти масовно да излеземе и да ја дадеме поддршката за Александар Стојковски за нов градоначалник на Ѓорче Петров. Време е за нова иднина, време е за луѓе како Александар Стојковски, време е за луѓе како Ленче Нелоска, за поубаво Ѓорче, повика потпретседателот на ВЦМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Денеска сме на терен во Ѓорче Петров, привршува кампањата, но ние мора да ги искористиме сите денови, да ги посетиме граѓаните и се разбира и што повеќе целни групи. Од Ѓорче Петров сакам да го повикам целиот народ тука што живее во нашата населба, во нашата општина да излезе масовно на овие избори и масовно да даде поддршка за Александар Стојковски. Нашиот кандидат за градоначалник, човек хуман, човек кој што го сака Ѓорче, и човек со визија за едно модерно и убаво Ѓорче Петров. Исто така сакам да ги повикам сите граѓани од Ѓорче Петров да дадат поддршка и на нашата советничката листа предводена од д-р Ленче Неловска, истакна Мисајловски.
-Имаме еден прекрасен тим на советници, еден кандидат за градоначалник што со нив ќе бидат еден одличен тим за сите овие проекти во програмата што ги имаме да ги реализираме, преку 200 проекти за цело Ѓорче Петров, во секоја населба, во секое мало, нов парк, нова улица, ново културно катче, се за граѓаните на Ѓорче Петров. Затоа е добро да овие завршни денови додека на 17-ти изллезете да гласате да ја погледнете програмата на Александар Стојковски, да видите да се пронајдете во неа, бидејќи оваа шанса не смееме никој од нас да ја пропуштиме. Затоа, уште еднаш ве поканувам сите граѓани во Ѓорче Петров да ја дадеме поддршката за Александар Стојковски за нов градоначалник на Ѓорче Петров. Доста е од овие веќе четири години да гледаме неработници, даста е веќе да се троши времето. Време е за нова иднина, време е за луѓе како Александар Стојковски, време е за луѓе како Ленче Нелоска, затоа за поубаво Ѓорче, за повеќе проекти ве повикувам сите на 17ти да искочиме за да почнат промените, тука во нашето Ѓорче, рече во својата изјава Мисајловски.