По поразот на парламентарните избори пред еден месец, норвешката премиерка Ерна Солберг поднесе оставка во име на целата влада, јави ДПА.
Конзервативната политичарка денеска поднесе соодветно барање до кралот Харалд V, отворајќи го патот за новиот шеф на Владата Јонас Гар Штор и неговиот кабинет.
Кралот го прифати барањето и ја замоли да продолжи да ја извршува должноста премиер до назначувањето на новата влада, соопшти Солберг на прес-конференција во Осло.
Предвидената смена на владата е в четврток. Нејзината партија, Хојре, потоа ќе се вклучи во фактичка и конструктивна опозициска работа, додаде таа.
Харалд сега официјално му даде задача на Стор да формира влада.
Стор, чија Лабуристичка партија победи на изборите на 13 септември, минатата недела постигна договор со Партијата на центарот за формирање малцинска влада.
Новата влада треба да ги претстави своите планови во среда попладне, по што ќе следи презентацијата на Кабинетот во четврток.
Солберг беше норвешка премиерка осум години.
Стор претходно беше министер за надворешни работи долго време под претходниот шеф на владата и актуелен генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.